Може ли срцето на љуби со двете свои страни? Може ли и да се прекршува, а да не се скрши? Може ли и да гори, а да не изгори, да биде љубено, а љубов да дава на други, да ги руши сите препреки и да остава трага од пепел како лузна од борбата со себе?
Викенд драма на телевизија Сител. Сабота и недела навечер, веднаш по “Дива” оваа сезона ќе се емитува “Траги во огнот” за чија содржина ве известуваме во продолжение :
Јигит и Емир се двајца браќа со тотално различни карактери.
Јигит е бунтовен и импулсивен тип, згоден женкарош кој има храброст иако нема образование и манири.
Емир е спротивен на неговиот брат: тој е срамежлив и интровертен тип кој неодамна го завршил правниот факултет.
Тие живеат среќно со своето семејство во Ајвалик, мал округ во Турција. По смртта на нивниот дедо, го продаваат имотот што го наследиле од нивниот дедо и со родителите се селат во Истанбул каде започнуваат нов живот. Сепак, нивниот живот се менува целосно во овој голем град.
Еден богат човек од соседството им помага да ги вложат сите заштеди во продавница за накит. Но, зад оваа помош се крие опасна игра, а со тоа и потенцијална неволја. Веднаш по отворањето на продавницата, тие се ограбени и губат буквално сè.
Бидејќи немаат никакво осигурување и бидејќи овој грабеж е поврзан со мафијашки односи, таткото се самоубива. Мајката на семејството не може да ја поднесе болката од смртта на нејзиниот сопруг и го губи разумот.
По оваа трагедија, Јигит и Емир решаваат да се одмаздат за своето семејство, но тие избираат сосема различни начини на две спротивни страни од законот.
Јигит оди кон патот на подземјето додека Емир по патот на владеењето на правото. На тој начин, и двајцата стануваат непријатели иако целта и за двајцата беше само една.
Но, животите на браќата се менуваат и кога ја запознаваат Сибел, најубавата девојка во соседството во која и двајцата се вљубуваат.
Приказната станува комплицирана кога Јигит почнува да ја користи Кубра како дел од планот за одмазда, во кој многумина ќе бидат вклучени, но и многумина повредени.
Започнува безмилосната одмазда на браќата и борбата со опасната мафија, борба која нема да бира средства, емоции и човечки животи… затоа што за нив, таа борба и таа одмазда е само прашање на чест.
Сабота и недела навечер на Сител – “Траги во огнот”.
Дани | ТВ Пакет