За сите љубители на добрите криминални приказни и филмови од жанрот „Кој е злосторникот?“, оваа недела следува мини серијата Мистерии на дотраените куќи на прва скопска МТМ.
Во првиот дел Местенки за убиство, ја гледаме Шенон Хамер, сопственичка на градежна компанија и истовремено експерт за реставрација на стари куќи од Викторијанската ера.
За време на реновирање на една од тие недвижнини, Шенон, ќе најде докази за таинственото минато на една куќа и истовремено ќе предизвика лавина од немили настани.
Во вториот дел, откако ќе открие остатоци од човечки скелет во подрумот на куќа која ја реновира, Шенон е со намера да открие кој е причината за ова злосторство, составувајќи дел по дел од мистериозната сложувалка, оставени во дневникот на самата жртва.
Предпразничен викенд на МТМ со трите дела од филмската мистерија на Халмарк.
Дани | ТВ Пакет