56 отсто од акциите на „Фершпед“ во Алфа телевизија се продадени на Веселин Јевросимовиќ преку неговата групација за информациски технологи „Комтрејд“. Тој е српски бизнисмен кој својата групација ја основал во 1996. година, јавува Дневник.
„Проверки веќе се вршат, но морам да кажам дека состојбата со телевизијата Алфа, како и со Телма и штипската телевизија Ирис е посложена од другите телевизии во земјава. Станува збор за акционерски друштва и ситуацијата е поразлична од оние медиуми што имаат само еден сопственик“, изјавува за Утрински претседалот на Советот за радиодифузија, Зоран Трајчевски. Додека пак, програмскиот директор на телевизијата, Љубомир Николовски вели дека нема никаква информација за продажбата на Алфа.
Ивана Таневска | ТВ Пакет