Локацијата на предвиденото Панорамско тркало е сменета. Наместо на плоштадот Македонија, новата скопска атракција ќе биде поставена над реката Вардар, односно над новиот пешачки мост што допрва ќе биде изграден помеѓу Музејот на ВМРО и Стариот театар од една страна и зградата на МЕПСО од друга, открива Плусинфо.
60 метарското тркало ќе го гради приватен инвеститор кој со него ќе стопанисува 35 години. Во прилог се ексклузивните фотографии што откриваат како ќе изгледа најновата верзија на планот за „Мал ринг“.
Крис Манев | ТВ Пакет