32 годишниот Алп Навруз го гледавме во улогата на млад богаташ во босфорските драми “Ќерките на Фазилет” и “Азра”, а сега гледачките повторно уживаат во неговиот заводлив поглед преку главната машка улога на Серхат во традиционалната серија „Предавство“ .
Приватно, тој е одличен гурман и сака да фотографира сè што подготвува, и очигледно има внимание и за естетиката, затоа што убаво ги послужува своите јадења.
Алп често објавува дека гледа филмови и чита книги, што не е ни изненадувачки бидејќи завршил на Техничкиот факултет во Јилдиз, катедра за турски јазик и литература.
Неговиот профил на Инстаграм е полн со фотографии од патувањата…,
а особено драги му се миленичињата со кои живее и животните кои ги посетува на патувањата.
Освен со актерство, се знаимава и со пливање, фитнес и стрелаштво, а во Турција е познат и по неговите учества во повеќе реклами и ревии како модел.
Во наредните денови проследете ги последните епизоди од драматичната серија на Сител за големото “Предавство” и дознајте како ќе заврши љубовта на Зумрут и Серхат.
Дани | ТВ Пакет