Во скопската дискотека Б2 вчеравечер се одржуваше престижниот избор за „Мистер на Македонија“ во организација на магазинот Фаци и модното студио Црнокрак. Во прекрасна атмосфера се одвиваше целиот настан во кој Ивица Симоновски беше избран да се бори за титулата Мистер Си Ворлд 2013 додека пак Мартин Тасевски ќе биде македонски кандидат за изборот Мен Хант 2013. Публиката во дискотеката ја забавуваше пејачката Фани Канзурова којашто ја промовираше нејзината прва песна Љубов на облаците. Пееше и Перо Пандиловски, а требаше да запее и Наде Талевска, којашто не го стори тоа поради технички проблеми.
Во скопската дискотека Б2 вчеравечер се одржуваше престижниот избор за „Мистер на Македонија“ во организација на магазинот Фаци и модното студио Црнокрак. Во прекрасна атмосфера се одвиваше целиот настан во кој Ивица Симоновски беше избран да се бори за титулата Мистер Си Ворлд 2013 додека пак Мартин Тасевски ќе биде македонски кандидат за изборот Мен Хант 2013. Публиката ја забавуваше пејачката Фани Канзурова којашто ја промовираше нејзината прва песна Љубов на облаците. Пееше и Перо Пандиловски, а требаше да запее и Наде Талевска, којашто не го стори тоа поради технички проблеми.
Мартин Тасевски за неколку дена ќе замине да ја претставува Македонија на изборот „Мен Хант 2013“, додека пак, Ивица Симоновски ќе го чека февруари следната година за да не претстави на „Мистер Си Ворлд 2013“ во Перу или во Боливија. Им посакуваме многу среќа и на двајцата!
Ивица Симоновски инаку е фудбалер и општ работник во Железара. Од она малку што го знаеме за неговиот приватен живот, ја издвојуваме пасијата кон фудбалот со којашто започнува се.
Симоновски уште во раната возраст имал желба да стане голем фудбалер, но за жал неуспешните обиди да добие виза за во Турција и во Германија го спречиле. Тука тој се буди од сонот дека некогаш ќе стане фудбалска ѕвезда за којашто ќе дознае светот, но спортскиот дух го задржува во себе. Ивица продолжува да игра во помали фудбалски клубови, се додека не сфаќа дека е време да се осамостои, па наоѓа работа како општ работник во Железара.
Неговиот животен пат брои неколку падови, се додека не одлучи да ја оствари својата втора желба – да работи како модел! За изборот „Мистер на Македонија 2012“ дознава случајно преку социјалните мрежи, се пријавува, и уште со првите негови објавени фотографии како кандидат за „Мистер на Македонија“ станува фаворит во јавноста. Во моментот кога беше прогласен за најубав маж во Македонија, Ивица Симоновски изјави дека прв пат во животот нешто му тргнало од рака, и оти е особено среќен поради тоа.
Инаку, изборот за „Мистер на Македонија“ минатата година се организираше по седумгодишна пауза, и тоа од страна на Зоран Василевски. Тогаш, нашиот Стефан Лошковски го освои првото место во Америка во конкуренција со 60 држави. Годинава, организаторите задоволни од лани повторно го канат Зоки да се погрижи за изборот во Македонија, само што овој пат новинарот тоа го стори во соработка со Мики Црнокрак. Зоран Василевски изјавува желба да го организира и изборот за „Мис на Македонија“, но таа лиценца сеуште не паднала во негови раце. Повеќе фотографии од настанот во галеријата подолу.
{gallery}102012/mister2012{/gallery}
Крис Манев | ТВ Пакет