Почетна / Серии / Шпионажа во француската политичка трилер серија „Биро“ на Телма
Една од најсимнуваните европски серии во САД базирана на вистините стории репризно на Телма. Од 19 мај во 20.20 часот

Шпионажа во француската политичка трилер серија „Биро“ на Телма

“Биро” (оригинален наслов: Le Bureau des Légendes) е француска политичка трилер серија создадена од Ерик Рошант и продуцирана од TOP – The Oligarchs Productions и Canal +.


Бирото се фокусира на секојдневниот живот и мисиите на агентите во француската Генерална дирекција за надворешна безбедност, нејзината главна служба за надворешна безбедност. Тоа биро е одговорно за обука и следење на агенти во долгорочни мисии во области од француски интерес, особено во Северна Африка и Блискиот Исток.

Живеејќи со години под лажен идентитет, мисијата на овие агенти е да идентификуваат и регрутираат добри разузнавачки извори.

Во центарот на дејстовото е разузнавачот Гијом Дебаили, со кодно име „Малотру“ кој се враќа во Париз по шестгодишен таен престој во Дамаск, Сирија.

Тој сега ќе мора да се соочи со предизвикот повторно да се поврзе со ќерката, поранешната сопруга и колегите. Но, неговото враќање во „нормалниот живот“ се покажува тешко, особено кога открива дека Надја, која беше негова љубов во Дамаск, сега е исто така во Париз.

Првата сезона ги следи неговите обиди да се справи со правилата на животот како шпион, да се соочи со тешкотиите на сопствениот таен идентитет, исчезнувањето на пријател во Алжир и со обуката на една млада девојка.

Француска серија на Телма. Од понеделник до петок во 20.30 часот, веднаш по “Топ тема”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!