Почетна / Сапуници / Судбината на едно детенце во „Аманет“ во 17 часот на Канал 5
"АМАНЕТ" - 17 часот - Канал 5 телевизија

Судбината на едно детенце во „Аманет“ во 17 часот на Канал 5

Нова турска сапуница на Канал 5, од понеделник до петок во 17 часот. Од продукцијата на “Ветување” и правена по теркот на “Елиф” и “Ранети птици” во Македонија доаѓа новата серија “Аманет”, за чија содржина ве запознаваме во продолжение.

Кевсер e девојка која пораснала во скромна и сиромашна средина. Се омажила за богатиот син на семејството Киримли, по што нејзиниот татко го прекинува секој контакт со неа бидејќи не го одобрува тој брак.

Кога Кевсер ќе го загуби сопругот, ќе сфати дека е заробена со својот петгодишен син Јусуф во студената вила на семејството Киримли и дека нема каде да бега.

Во светот на ѕверовите, ќе се случи трагедија и девојката ќе почине турната од скалите на куќата. Плашејќи се дека Јусуф ќе остане целосно сам во таа вила, Кевсер на смртната постела ја моли сестрата Сехер да дојде во вилата и да се грижи за Јусуф.

Иако долго време се прашува дали тоа е правилна одлука, сепак Сехер решава по секоја цена да го заштити Јусуф, аманетот на нејзината сестра и да се пресели во домот на семејството Киримли. Среќата нема да ја најде во големиот конак бидејќи сите во таа вила кријат некаква тајна и зависта и злобата е она што постојано ќе ја опкружува.


Таа наскоро ќе сфати дека Јусуф е добро заштитен во таа вила, но дека му недостига љубов, особено од неговиот чичко Јаман, кој е моќен и суров бизнисмен, неспособен за љубов поради неговото трауматично детство.

Јаман сепак чувствува нешто кон малото детенце, иако не знае како да го покаже тоа. Кога убавата и храбра Сехер ќе се всели во неговата куќа, постепениот бес и омраза меѓу двајцата ќе се претвори во љубов, од која срцата ќе чукаат сè посилно и посилно.

Јаман ќе стекне доверба во Сехер и ќе најде сила да се соочи со минатото, а за да го заштити својот брат, Јаман ќе ја преземе и одговорноста за смртта на Кевсер.

Неговиот брат Зија мисли дека ја убил сестрата на Сехер, но вистинскиот убиец е сосема друг и живее под ист покрив со сите нив.

За Сехер следува тешка борба, во која ќе мора да ги исконторлира своите чувства кон Јаман, а истовремено и да го одржи дадениот аманет на својата сестра – да се грижи за малото детенце.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!