Почетна / Живот / Светскиот бестселер – друштвената игра „Катан” отсега и на македонски

Светскиот бестселер – друштвената игра „Катан” отсега и на македонски

„Катан” (Catan), една од најпознатите друштвени игри во светот со преку 25 милиони продадени копии, конечно ќе може да ја играме и на македонски јазик.

Овој светски бестселер, кој досега е преведен на повеќе од 30 јазици, од годинава официјално ќе се продава и на македонски по иницијативата на „Гоблин друштвени игри”.

Во ерата на откритија, по долго и мачно патување по немирно море, твоите бродови конечно пристигнуваат до брегот на непознат остров. Неговото име ќе биде Катан…

„Катан” е класика меѓу друштвените игри. Првпат беше издадена во 1995 година, а досега ја играат преку 100 милиони играчи низ целиот свет и има добиено десетици награди и признанија. Се одржуваат и многубројни турнири, како и официјално Светско првеснтво на секои две години.

Ова е последна од низата светски бестселери официјално преведени на македонски јазик, меѓу кои се и „Ticket to Ride”, „Dixit”, „Azul”, „Kingdomino”, „Celestia”, „The Mind”,… Сите овие ги преведе и ги дистрибуира првата и единствена специјализирана продавница за друштвени игри во Македонија – „Гоблин”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

error: Содржината е заштитена!