Почетна / Серии / Тони Михајловски и Беби Дол се дел од „Тајкун“, новата серија на Телма

Тони Михајловски и Беби Дол се дел од „Тајкун“, новата серија на Телма

Иако ветеран на филмската сцена, не само во рамки на српската кинематографија туку и како балкански филмски работник, Драган Бјелогрлиќ е отворен и слободен во изразувањето на сопствените ставови, па често во родната Србија има големи напади и критики врз него, кои доаѓаат секогаш од филмски автори, помалку успешни од Бјелогрлиќ, но со повеќе политички врсти со властите во Белград од него.

И постојано, на непријателите, Бјелогрлиќ не им „простува“ и не им остава можност да го заборават. Рецептот му е едноставен, постојано активен на филмското платно, на телевизките екрани, па дури и во театарот- Бјелогрлиќ постојано им упаѓа во очи и на критичарите, но и на балканската публика. Предизвик му беше и серијата Тајкун.

-Ќе видите во серијата, не се игра тајкун, туку се игра (глуми) човек кој во моментот се наоѓа во определена состојба. Називот на серијата секако е провокативен, истакна Бјелогрлиќ на презентацијата на уште еден балкански сериски хит, со негово учество.

Бјелогрлиќ го игра тајкунот Владан, типичен анти-херој, роден на почетоците на капитализмот во распаднатата Југославија. Збогатен во неразјаснети околности во минатото, богат бизнисмен во сегашноста, а во „Тајкун“- животот му е загрозен од непознат стрелец чиј куршум сака да донесе смрт на неговата бизнис империја.

Нападот ќе го разбуди минатото и ќе ги ослободат тајните кои може да уништуваат човечки судбини. Моќта не е делива, стои во пораката на серијата „Тајкун“.

Серијата е снимана и подготвувана три месеци, а Бјелогрлиќ сам вели дека улогата на тајкунот му била поинаква од досегашните. Покрај тоа бил задолжен само за глумата, не беше режисер како на некои други проекти (Сенки над Балканот, Монтевидео, Нечиста крв).

Во серијата не е сам, покрај плејада млади актери кои го делат сценариото со него како главни улоги, „Тајкун“ изобилува со серија впечатливи епизоди на актерски легенди од Србија и регионот. Продуцентите избрале серијата да има над 40 пратечки ликови во комплексното трилер сценарио.

Меѓу актерите и Тони Михајловски, македонски актер кој постојано има успешни филмски и телевизиски излети на север од границата. Во „Тајкун“ Михајлвски го глуми Боро Керкез, соработник и стар партнер на тајкунот Симоновиќ со кого заедно бегаат низ тесниот лавиринт. Од една страна е обвинителството кое го истражува Симоновиќ, од друга страна моќните непријатели на тајкунот и неговиот македонски пријател.

Во 80-тите години од минатиот век на југословенската поп сцена, српската пејачка Беби Дол беше фаталната музичка дива. Три децении по нејзиниот настап на Евровизија како последен претставник на Југославија со песната „Бразил“, Беби Дол ја добива и првата позначајна улога- во „Тајкун“ е позната пејачка, но турбо-фолкерка која се вика Мартина.

Со нејзината трансформација, се нуди и сликата на трансформацијата на некогашното општество кое порано играше на хитовите на некои ѕвезди како Беби Дол, а потоа сурово се претвори во бескрупулозна трка по пари и моќ со турбо фолк саундтрак.

Боите во темно-проектираниот Тајкун ги додаваат и легендите и ветераните како Воја Брајовиќ, Богдан Диклиќ, Анита Манчиќ, Миодраг Кривокапиќ, Светозар Цветкович, нам познатиот главен лик во „Тетовирање“, „Среќна нова 49-та“ и серијата за новинарската редакција во „Инсајдер“ (емитувана на ТВ Телма).

Серијата Тајкун ќе се емитува на Телма секој работен ден од 22:10 часот, а првата епизода е на 31.01.2021. во понеделник.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!