Почетна / Сапуници / Дали веќе сте заљубени во актерот од „Срцето на градот“ и „Траги во огнот“?

Дали веќе сте заљубени во актерот од „Срцето на градот“ и „Траги во огнот“?

Нова примамлива приказна и нова љубов за понежниот пол. Турскиот заводник Керем Бурсин е Али во новата серија „Срцето на градот“ и овој згоден модел и актер се заканува да ве шармира за минута.

Керем Бурсин е турски актер, модел и продуцент. Роден е на 4 јуни 1987 година во Истанбул и има само една сестра, Мелис. Поради работата на неговиот татко, Керем живеел во многу земји. Кога имал 12 години, неговото семејство се преселило во САД. Меѓу причините за својот успех, Керем секогаш посебно ја издвојува поддршката од неговото семејство.

Ја започнал својата кариера како актер во 2006 година. Сега е еден од најплатените и најбараните актери во Турција. Очигледно е дека стекнал големо искуство и углед. Неговата вредност се проценува на околу 4,6 милиони американски долари. И покрај огромниот успех, тој постојано ја надградува својата извонредна актерска вештина.

Уште од своите училишни денови, тој бил многу активен на полето на актерството. Учествувал во многубројни престави во своето средно училиште во САД, па дури и неколку пати освоил награда за најдобар театарски глумец. Подоцна се доусовршил на колеџот Емерсон каде што дипломирал маркетинг комуникации.

Нешто што дефинитивно сите девојки сакаат да го знаат е неговиот љубовен статус.

Одамна беше во врска со турската актерка Јагмур Танрисевсин, а потоа и со друга турска актерка Серенај Сарикаја. Деновиве тој поминува многу време со Ханде Ерчел во која се вљубил на снимањето на серијата „Немирно лето“. Парот објавува многу заеднички слики на своите Инстаграм профили.

Од крајот на јануари се дружиме со Керем кој целата своја заводливост ја покажува во улогата на Али Смит во новата серија „Срцето на градот“ на Дизи каналот, а исто така го гледаме и на Сител во викенд крими драмата “Траги во огнот”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!