Massabni arhitects Gmbn, фирмата која го смисли Панорамското тркало што ќе се поставува во Скопје, го објави идејното решение и детали на својата интернет страница, пишува Дневник.
Од тоа што може да се види на објавената фотографија, боите и изгледот потсетуваат на паунови крилја. Дадени се и детали за висината – посетителите ќе може да го набљудуваат главниот град во специјални корпи на висина од 60 метри. Панорамското тркало ќе се издигне на нов мост на Вардар, кој допрва ќе се гради спроти МЕПСО, стои во текстот на Дневник.
Крис Манев | ТВ Пакет