Во станот на тајкунот Владан Симоновиќ, мало семејно собирање -како што вели главниот негативец Балша. Разврската на играта почнува таму, мистериозниот убиец е брат на Балша, а Бојан ќе дознае она што најмногу го интересира, дали е син на Владан.
Ксенија која не замина на време ќе мора да се соочи со вистината за Сабанта, фабрика во која беше жртвуван и нејзиниот татко за време на бомбардирањата на НАТо во 1999-тата. Сабанта е воена фирма која при распадот на Југославија произведува оружје и муниција и го продава не само на српските сили, туку на сите кои ќе дадат пари без разлика дали се на непријателската страна.
Но, Сабанта е голем обвинителски дијамант кој крие и убиство на истражувачки новинар, автор на новинарски статии за големите финансиски проневери со оружје. Тие проневери се коренот на богатството на „Тајкун“-от Владан Симоновиќ и неговите најблиски партнери, кои еден по еден беа ликвидирани. А зад ликвидациите стои човекот од сенка во Сигма.
Обвинителката Јована и инспекторот Никола повторно контактираа погодени од личните трагедии и губиток на блиски. Најдено е телото на поранешната љубовница на Јована, обвинителката Стефана која настрада во нивна расправија. Но, Јована ќе ја дознае вистината за виновникот за смртта на нејзината соработничка и љубовница. Иако се гризе во себе и пропаѓа, сепак таа не е виновникот.
Финалната разврска во „Тајкун“ на 15.02.2022. (вторник) во 22:10 на Телма во последната епизода од хит серијата, а од 16.02 серијата ќе се репризира секој ден во 23 часот.
Дани | ТВ Пакет