Почетна / Сапуници / Злобната Рефика од „Одмазда“ започнала пеејќи во ноќни клубови

Злобната Рефика од „Одмазда“ започнала пеејќи во ноќни клубови

Ишил Јучесој е позната турска актерка, која во моментов ја следиме во улогата на доминантната госпоѓа Рефика, газдарица на конакот Ѓоречки во серијата “Одмазда” на Канал 5.

Покрај оваа впечатлива улога, македонските гледачи може ја паметат и по улогите во сериите “Пари и љубов”, “Сестри”, “Љубовен облог” и “Диви јагоди”.


Рефика е родена во Киркларели, Турција на 2 октомври 1945 година. Нејзиниот татко бил наставник по музика, а таа научила да свири пијано токму од него.

Откако го завршила средното училиште, студирала драма на Државниот конзерваториум во Анкара, а во 1989 година се омажила за Тајфун Чилизоглу. Во 2018 година по завршување со снимање на “Одмазда”, се преселила во САД за да ѝ се придружи на нејзината ќерка, која живее во Њујорк.

Инаку кариерата ја започнала на театарската сцена, но поради големата љубов кон музиката, решила да почне да пее настапувајќи по ноќни клубови.

Со текот на годините, ја напуштила музиката и се насочила кон филмот и турските серии.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!