Од 3 март на најдобрата скопска телевизија МТМ започнува нова руска хумористична серија. Затоа, бидете одлучни и намалете го вишокот на килограми.
Подгответе се за смеа и забава, но и малку вежбање со рускиот хит ситком “Фитнес”, од понеделник до петок во 22 часот на Прва Скопска МТМ и останатите регионални телевизии.
Што се случува кога една девојка со поприлично вишок на килограми, ја губи самодовербата? Нејзиното момче ја остава на свадбата, а таа е решена по секоја цена да му докаже нему, но и на себе дека може да ослабе. Затоа решава да вежба, но за тоа треба пари. А нашата Асија ги нема. Па, затоа на памет ѝ паѓа една одлична идеја – да се вработи како фитнес инструктор и така да вежба бесплатно.
Згодите и незгодите во фитнес центарот, следете ги на малите екрани. Оставете ги слатките и фатете се за теговите!
Дани | ТВ Пакет