Нова Македонија пренесува приказна за чин на агресивност и садизам. Жителите на скопската населба Тафталиче се жалат од својот сосед којшто со воздушна пушка пука во нивните домашни мачиња. Нервозниот сосед во половината застрелал 4 мачиња. Сите останале инвалидизирани и неможат да ги користат задните нозе. Сопствениците на мачките раскажуваат дека нивните домашни миленици не се оддалечувале од дворот, но сепак соседот успевал да ги повреди.
– Ваквото дело е казниво според три закони, Кривичниот закон, Законот за јавен ред и мир и Законот за заштита и благосостојба на животните, а полицијата се уште трага по сторителот. Монструмот досега повредил четири мачиња, пренесува Нова Македонија.
Крис Манев | ТВ Пакет