Турската хит серија „Зет домазет“ што се емитува на ТВ Сител привршува, а нејзината приказна станува се помалку смешна и се повеќе тажна. Низ целото лето гледачите уживаа во хуморот на неповторливите ликови, но со паѓањето на есенските лисја падна и желбата за живот на главниот женски лик Назли. Што мислите, дали „Зет домазет“ ќе биде уште една во низата турски серии што беа заокружени со трагични краеви?
Ивана Таневска | ТВ Пакет