Харли Сантос (Џенифер Лопез) е детективка од Њујорк и самохрана мајка. Тaa е дел од тим на полицајци кои примаат мито.
Сепак, таа ги користи тие пари за да ѝ го пружи најдобриот можен живот на својата ќерка. Но, кога ФБИ ќе дознае за тоа, ја апси полицајката и за да не оди во затвор, ѝ предлагаат таа да им биде “крт”, шпион во таа група.
Границата помеѓу лојалноста, честа и предавството е многу тенка, но Харли ќе се потруди да ѝ обезбеди најдобра можна иднина на својата ќерка, но воедно да остане и достојна на задачата и секогаш да биде полицаец.
Покрај Џенифер Лопез, тука се и Дреа де Матео и Реј Лиота како дел од актерката екипа на “Секогаш полицајци”, американска серија на Сител секоја ноќ по полноќ.
Дани | ТВ Пакет