Психолошката криминалистичка драмска серија со Идрис Елба во главната улога репризно на Сител секоја ноќ во 2 часот по полноќ.
Детективот Џон Лутер работи во Лондон и неговиот брилијантен ум секогаш го спасува. Но, тој е опсесивен, опседнат и понекогаш насилен. Меѓутоа, Лутер плаќа висока цена за неговата посветеност; никогаш не можел да се спречи да биде обземен од темнината на злосторствата со кои се занимава.
Уште на стартот, тој се враќа на работа по трауматичното апсење на серискиот убиец Хенри Мадсен. Првиот случај на Лутер е истрага за убиството на родителите на детето гениј Алис Морган. Брзо открива дека Алис е одговорна за смртта, но ова навидум совршено злосторство не остава докази со кои таа може да се осуди.
Веќе во следниот случај, овој полицаец мора да надмудри еден обучен снајперист кој има мисија да убива полицајци. Но, додека се зголемува бројот на жртвите, тој мора да ги открие вистинските мотиви на убиецот. Во меѓувреме, Алис го истражува Лутер и успева да дознае што се случило за време на апсењето на Мадсен.
Дани | ТВ Пакет