„Единствен излез“ (2021) е нова серија и претставува една психолошка приказна која може секому од нас да му случи. Ана, во еден пожар, ќе го загуби својот сопруг, но и сеќавањето на таа пресудна ноќ. Таа, после некое време поминато во кома, со својот син Лука, продолжува да живее во постојано талкање од реалниот живот – во напади на паника и големиот предизвик да ја прифати загубата на сопругот.
За да биде ситуација позастрашувачка после шест години, Ана добива снимка на која што го гледа сопругот и почнува да верува дека тој е жив. Како ќе се соочи со минатото?
Во овој заплеткан круг на насилство, лаги и уцени, улогата на Ана Колар и е доверена на Анѓелка Прпиќ, нејзиниот фимски сопруг е, Јанко Поповиќ Волариќ, ја гледаме прекрасната Даница Максимовиќ, Љубомир Бандовиќ и нашите Никола Ристановски и Тони Михајловски.
Серија во која нема да откриваме кој е виновен, туку кој е помалку виновен. Дали единствениот излез е голата вистина, дознаваме на Телма од 22.10 часот, од 21. март (понеделник).
Дани | ТВ Пакет