Веќе добро знеме дека Слаткаристика ќе се „Отвара“ со големиот концерт најавен на 2. ноември во петок, во новата акустична сала во арената Борис Трајковски. Концертот почнува во 21:00 часот, а вратите ќе бидат отворени од 19:00 часот. Пробите си течат, а како специјални гости се најавени групата Пеперминт, Тони Зен, Кацар, Сиги, Аце НЛ, Џоле и Желе од Токсикологија, Дј-ите Гоце (САФ), Чваре и Никифор и нашиот Џез артист Георги Шарески.
Поради сериозноста на техничкиот дел од концертот, веќе од денес почна да се поставува бината, озвучувањето и осветлувањето, а како што ни најавија од неговиот тим за овој настан дополнително се носи техника и од Нови Сад.
Целиот концерт е осмислен тематски и ќе се реализира по сценарио, а она што денес дознавме е тоа дека во програмата ќе има и Летачки цепелин! Ова летало од цели 8 метри е специјално изработено за концертот и истиот ќе биде внесен во салата Борис Трајковски. Дали Слаткаристика ќе лета со цепелинот над посетителите, ќе долета со него на бина или ќе се спушта од него останува да видиме на концетот на 2. ноември.
Затоа што се работи за наш, македонски артист особено ни е драго што светските стандарди за одржување на концерти се поставуваат и кај нас – Напред Слаткар!
Крис Манев | ТВ Пакет