Почетна / Сапуници / Фото | Али стана татко, добриот доктор ја доби ќерката Зејнеп

Фото | Али стана татко, добриот доктор ја доби ќерката Зејнеп

Танер Улмаз е турски актер кој стана популарен со неверојатниот перформанс на Али во хит серијата “Добриот доктор” чии последни епизоди ги следите секоја ноќ на телевизија Сител.

Гледачите се восхитени од глумата на Танер кој успешно го долови ликот на момчето болно од аутизам кој поседува неверојатни таленти во медицинската струка.

Инаку, лани актерот се ожени со турската актерка Еџе Чешмиоглу, а познатиот пар вчера ја доби и ќерката Зејнеп.

„Беше чудна возбуда, моето тело се промени кога  ја видов за прв пат. Станав нешто сосема друго. Впрочем, не бев многу возбуден кога дојдов овде, бев посмирен, но душата ми смрзна кога го слушнав плачот и ја видов мојата ќерка“ – изјави добриот доктор за медиумите, веднаш по породувањето на неговата сопруга.

Бебето е супер. Нејзината тежина е 3,4 килограми, а нејзината висина е солидна. Се е во ред, фала богу. И нејзината мајка е многу добро, сега и двете одмараат“, додаде тој.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!