Помеѓу низата диви рози кои се нижеа по ѕидот на старата куќа, Елиса стоеше од страна и со неверување гледаше како нејзината мајка му набива рогови на својот татко. Да и кажеше некој немаше да верува, дури ни сега не им веруваше на своите очи, но немаше сомнеж, Естер страсно се љубеше со Енцо, како да се долгогодишни љубовници…
– Не, може да не види некој, – на крајот рече жената, гледајки околу себе, како крадец, иако не сакаше да се тргне од прегратките на згодниот странец.
Но, Енцо не се предаваше лесно. Нејзините зборови ги спречи со нов бран на страсни бакнежи.
– Не, не можам да го правам ова, – на крајот рече Естер, чија совест беше поголема од страстта која ја чуствуваше. – Не можам, – додаде, ја подигна суќната и потрча кон влезот на куќата.
Енцо ја прегриза долната усна, сеуште чуствувајки го мирисот на убавата дама која полека му го крадеше срцето.
Елиса стоеше во агонија, додека очите и се полнеа со горчливи солзи…
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 8 – „По бакнежот“
Помеѓу низата диви рози кои се нижеа по ѕидот на старата куќа, Елиса стоеше од страна и со неверување гледаше како нејзината мајка му набива рогови на својот татко. Да и кажеше некој немаше да верува, дури ни сега не им веруваше на своите очи, но немаше сомнеж, Естер страсно се љубеше со Енцо, како да се долгогодишни љубовници…
– Не, може да не види некој, – на крајот рече жената, гледајки околу себе, како крадец, иако не сакаше да се тргне од прегратките на згодниот странец.
Но, Енцо не се предаваше лесно. Нејзините зборови ги спречи со нов бран на страсни бакнежи.
– Не, не можам да го правам ова, – на крајот рече Естер, чија совест беше поголема од страстта која ја чуствуваше. – Не можам, – додаде, ја подигна суќната и потрча кон влезот на куќата.
Енцо ја прегриза долната усна, сеуште чуствувајки го мирисот на убавата дама која полека му го крадеше срцето.
Елиса стоеше во агонија, додека очите и се полнеа со горчливи солзи…
Враќајки се назад кон селото, Кристина слушна моторно возило зад себе и кога се заврте го забележа ролсот на онаа чудна, млада девојка која беше гостинка на хациендата. Кога забележа дека возилото успорува, Кристина задскршна кон шумата и почна да трча.
Збунета, Алис го сопре автомобилот, излезе од истиот и потрча кон шумата, прашувајки се каде би можела да биде.
Одеднаш, Кристина се појави од зад едно старо и дебело дрво, со ноже во раката.
Младата Алис за момент се исплаши, но за кратко се развлече сензуална насмевка на нејзините полни усни кои ги оцртуваа преубавите и бели заби.
– Зошто ме следиш?, – Кристина ја праша девојката, допирајки го врвот на ножето во белата и мека кожа на вратот на младата Алис.
Но, таквиот чин само накнадно ја возбуди Алис.
Кристина го спушташе сечилото преку вратот се до градите на девојката која почна да дише задишано, а срцето и отскокнуваше, но стравот не беше причината за ваквата телесна реакција.
– Ова нека биде последен пат како што ми приоѓате, госпоѓице. Следниот пат нема да поминете вака лесно.
Алис ја извади шапката од главата и го прегриза јазикот додека и доаѓаа валкани мисли, гледајки во отворенотот деколте на убавата италијанка.
Малата Елиса имаше потреба да го сподели сознанието со некого. Прво што и падна на ум беше да зборува со својата тетка Антониета, која секогаш беше тука за неа и знаеше да ја сослуша.
– Многу сум тажна, Антониета, – низ солзи процеди младата госпоѓице, лежејки на градите на жената која говореше малку.
– Зошто, госпоѓице Елиса?, – ја праша Антониета, милувајки ја по темето на главата.
– Бидејки…
Елиса зеде длабоко воздух. Сакаше да каже за она што предмалку го виде во градината, но се плашеше дека зборовите ќе стигнат до нејзиниот татко и сите ќе ги истера од дома.
– Се чуствувам осамено, – додаде, бришејки ги созлите со шамивче. – Дали некогаш си се чуствувала осамено, Антониета?
– Многупати, – одговори жената со спуштен поглед, се чуствуваше како да и ја допреле ахиловата пета. Самотијата беше нејзината најчеста придружничка изминатите години откако работеше на Темпестад. – Но, самотијата не е причина за да плачам, – додаде, подигнувајки ја брадата на младата девојка.
– Се чуствувам осамено и разочарано, – додаде Елиса, станувајки од креветот. Пријде до прозорецот и ја потргна белата завеса.
– Разчочарано?, – праша Антониета, очекувајки дека ќе извлече некоја занимливост од огорчената душа на својата далечна внука. – Некој посебно те разочарал?, – приде до неа.
– Не, никој посебно, – одговори Елиса.
Естер седеше во дневната просторија, вртејки го бисерниот гердан помеѓу своите прсти. Размислуваше за бакнежот со Енцо. Во животот се немаше почуствувано така живо. Беше толку различно од се што имаше почуствувано од својот сопруг. Фаусто беше груб и никогаш не правеше да се чуствува убаво, додека Енцо беше страсен и неодоливо романтичен.
Кога Лукреција влезе во просторијата, ја затекна својата роднина со блажена насмевка на лицето.
– Верував дека овој имот ќе нема што да ми понуди и дека ќе умрам од досада, но два дена сум овде и изморена сум како никогаш порано, – рече Лукреција со својот драматичен принес во тонот кој беше карактеристичен за неа. – И што ти е тебе? На што се должи таа блежена насвемвка?
– Ништо, – излажа Естер и го заврте грбот на својата братучетка. Не сакаше да падне никаков сомнеж на нејзината чест и репутација.
– Сигурна си?, – инсистираше Лукреција.
– Секако…
– Не ми кажа дали ти се допаѓаат книгите кои ти ги подарив. Почна ли да ги читаш?
– Не, – кратко одговори Естер.
– Ајде да земеме една и да одиме во градината да читаме на глас, како кога бевме мали, помниш?
– Лукреција, не…
– Што е? Зошто ме гледаш така, Естер?
Фаусто работеше на папирологијата во својата канцеларија. Работата зад биро беше онаа која најламку ја сакаше, но и таа мораше некој да ја заврши бидејки сметаше дека никој друг не е способен да ја работи место него. Со други зборови, немаше доверба во никого.
Во просторијата влезе Лукреција, без никаква претходна најава.
– Морам да зборувам со тебе, Фаусто!
– Не можам сега, Лукреција. Не гледаш дека сум зафатен!?
– Мора да биде сега!- инсистираше жената, со дрскост во гласот.
– Како се осмелуваш?, – Фаусто се разбесна.
– Како се осмелуваш ти да направиш нешто така подло?
– За што зборуваш?
– Не ми се прави глупав и одговори ми! Зошто ги запали книгите кои и ги подарив на Естер?
– Тоа веќе и го објаснив на мојата жена и немам зошто тебе да ти повотрувам, Лукреција.
– Палењето на тие книги е чин еднаков на вандализам!
– Не заборавај дека си во моја куќа! И не ми се обраќај со >ти<, не сме толку блиски. И престани да се грижиш за мојата сопруга.
– Немаш право да ја приморуваш Естер да размислува како тебе! Таа е интелигентна жена која знае да размилсува со своја глава.
– Во оваа куќа единствена глава која има право да размислува сум јас! И ако сметам дека таа литература може да и ја наполни главата со глупости на мојата жена, тогаш имам право да правам со тие книги што сакам!
– Не можам да поверувам што слушам, Фасуто! Живееме во 20-тите години на дваесетиот век, а не во средна доба!
– Те потсетувам дека ако сакаш твојата ќерка да се омажи со Анибал, мораш да прифатиш дека овде на Темпестад, јас сум тој кој издава наредби! Во спротивно ќе бидам приморан да ја откажам венчавката. А тоа ќе ве чини многу. Знам дека ти требаше време да најдеш достоен сопруг за твојата помалку чудна ќерка.
Ваквите зборови само повеќе ја разгневија Лукреција. За Алисиња беше способна да изрипа како мачка и да му ги истера очите, но се воздржа на време и ја напушти просторијата, треснувајки ја вратата зад себе.
Алис, во меѓувреме, го сопре автомобилот пред борделот на тетка Кармен. Жената која го метеше дворот, се доближи до возилото, бидејки во гратчето ретко се гледаа такви направи, особено истите да се управувани од жена.
– Добар ден, госпоѓо, – Алис љубезно ја поздрави жената.
– Добар ден. Навистина имате убаво моторно возило, госпоѓице.
– Ви се допаѓа?
– Преубава е. Сигурно Ве чинело мало богатство.
– Така-така. Овде сум бидејки сакам да разговарам со една госпоѓица која мислам дека живее тука.
Кристина ги броеше парите од дневната заработувачка, кога некој затропа на вратата од нејзината соба. Ги врати парите назад во ковчежето, кое го смести под креветот и појде да ја отвори вратата. Но, пред неа не стоеше клиент како што очекуваше, туку Алис Санта Марија.
– Што бараш ти овде? Ти реков да не ме следиш!
– Ако треба и ќе си ја платам мојата посета, – смело рече девојката.
– Јас не им наплаќам на девојки, – бурно одговори Кристина, брутално туркајки ја девојката од собата.
– Нема потреба да лажеш. Знам дека си подготвена да направиш се за добри пари.
– Си погрешила со мене, госпоѓице! Излегувај одовде! Надвор!, – во бес, Кристина успеа да ја истурка младата дама од својата соба, па ја затвори дрвената врата зад себе и ја заклучи со клуч.
Одбиена и разочарана, Алис го напушти борделот на тетка Кармен, но пред да влезе во својот автомобил, наиде на Рикардо, својот роднина, кој беше крајн изненаден што ја гледа на такво место.
– Алисиња, што бараш ти овде?!
Во некогашната соба на старата Тили, нејзиниот зет Антенор пребаруваше по ормарот на старицата, со надеж дека ќе најде нешто вредно, било што што ќе го извлече од бедата во која живее. Во таква ситуација, го најде неговата сопруга Марија Грација, која гневно му пријде.
– Што барааш, Антенор?, – го праша својот сопруг.
– По ѓаволите, Марија Грација, твојата мајка не оставила ништо вредно за нас.
– Зарем сметаш дека е малку сета љубов која ни ја даде?, – го праша таа, затворајки ги вратничките од ормарот.
– Љубов?, – гневно праша Антенор. – Тили му беше омилена на Ињаки Кастењон. Сигурно и оставил нешто во оставина.
Нивниот дијалог беше прекинат принудно, кога во собата влезе Фаусто и му нареди на својот назорник дека имаат проблем во шталата со коњите.
Антенор ја зеде својата шапка и ја напушти просторијата, свесен дека неговиот дон сака да биде насамо со неговата сопруга.
Кога останаа сами во просторијата, Марија Грација, покорно го спушти погледот пред Фаусто.
– Што си толку сериозна?, – ја праша тој, приоѓајки и.
– Ништо…Мислев на мојата мајка.
Фаусто без збор почна да го слекува ременот од својата половина и Марија Грација знаеше што следува. Ја турна грубо врз софата, ја подигна нејзината суќна, ги слече своите панталони и навлезе во неа, круто, грубо, без никаква предигра, како и обичаено. Но, жената веќе беше научена на животинскиот инстинкт на својот Господар.
Откако се увери дека проблемот со коњите во шталата е само лажна тревога за Фаусто да остане насамо со Марија Грација, надзорникот удри со силна тупаница во гредата пред себе, па извади цигара од џебот, ја запали со кибрит и длабоко зеде дим, додека неговата жена му припаѓаше на друг маж, тој можеше само да седи настрана…
продолжува во петок…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет