Бред Пит започна кампања за собирање донации за легализација на истополните бракови. Популарниот актер повика на итно собирање донации и вети дека лично ќе донира 100.000 долари во Кампањата за човекови права.
Колку Бред е посветен околу легализацијата на геј браковите, зборува и тоа што своевремено изјави дека со Анџелина Џоли ќе се венча дури кога истополните бракови ќе бидат легализирани секаде во Соединетите Американски Држави. Инаку, следната недела, во вторник во САД ќе се одржи референдум за легализација на истополните бракови во четири сојузни држави: Мејн, Мериленд, Минесота и Вашингтон.
„Ќе се оди на гласање и ќе се одлучи дали геј и лезбејските бракови, нашите пријатели и соседи, ќе имаат еднакви права како и сите други“, рече Бред Пит во своето соопштение за јавноста.
Инаку, во САД истополните бракови се дозволени во 6 од 50 држави, како и главниот град Вашингтон.
Ивана Таневска | ТВ Пакет