Почетна / Серии / Сител со ноќна реприза на „Без граници“ со Доналд Сатерленд

Сител со ноќна реприза на „Без граници“ со Доналд Сатерленд

Секој работен ден во 2.15 часот по полноќ, Сител телевизија ќе ја репризира крими серијата “Без граници”, снимена од продуцентски куќи од САД, Германија, Италија и Франција. Светската премиера, серијата ја имаше на Телевизискиот фестивал во Монте-Карло на 14 јуни 2013, а претходно е веќе прикажана на Телма и Сител.

Во продолжение, ве потсетуваме на содржината :

Поради тоа што Европа станала опасно засолниште на многу криминалци и злосторници од целиот свет, се оформува специјална единица истражувачи кои проблемот го решаваа на глобално ниво. Тие пет детективи на чело со капетанот Луис Даниел, мораа да соработуваат заедно, да се привикнат на секакви ситуации и на солидарност.

Водачот на овој тим е мајорот Луи Даниел (Марк Лавуан) од француската полиција. Инспекторката Сиена Прајд (Џеневив О’Рајли) е специјалист за испитување од Скотланд Јард. Истражувачот Себастијан Бергер (Том Влашиха) е гениј за технологија од полицијата во Берлин, Германија.

Наредникот Ева Виторија (Габриела Песион) работи во областа на антимафијата и е специјалист за тајни и скриени операции. Детективот Томи Мековел (Ричард Флад) е експерт за оружје и тактика од полицијата во Северна Ирска.

Детективката-наредник Ан Мари Сан (Мун Дејли) е криминален аналитичар и специјалист за трговија со луѓе. И тука е и инспекторот Мајкл Дорн (Доналд Сатерленд) кој работи во Интернационалниот суд за криминал.

Сместени се во една напуштена зграда под судот, а додека ги бараа и ловеа криминалците, се соочија со низа бирократски, правни и културолошки препреки. Нивните мети беа опасни луѓе од Велика Британија, Германија, Франција, Полска, Русија, Скандинавија и така натака.

Заплетот започна која њујоршкиот полицаец Карло Хикман му се јавува на Maјкл Дорн (Доналд Сатерленд) за да се приклучи во специјалната единица која се занимава со решавање на меѓународни злосторства.

Улогите ги толкуваат Вилијам Фичнер, Доналд Сатерленд, Марк Лавуан, Габриела Песион, Том Влашиха, Мун Дејли, Ричард Флад.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!