Почетна / Сапуници / Канал 5 ја прекина „Ветување“ и стави „крај на серијата“

Канал 5 ја прекина „Ветување“ и стави „крај на серијата“

Гледачите кои ја следеа маратонската турска сапуница “Ветување” во петокот се изненадија што нивната омилена вечерна посластица сосема неочекувано заврши. На екранот пишуваше “крај на серијата”, а Канал 5 веќе во нејзиниот термин ја емитува серијата “Аманет”.

Очигледно беше дека серијата долго време траеше и едноставно немаше крај, но епизодата емитувана како последна на Канал 5 не е финалето на “Ветување”. Серијата уште се снима и прикажува во Турција, а крајот е најавен за септември.

Сепак, македонските гледачи нема да го видат крајот на малите екрани, затоа што Канал 5 ја заврши серијата со емитување. За разлика од кај нас, серијата продолжува со емитување во Србија, Црна Гора, Босна и Бугарија со најновите епизоди.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

error: Содржината е заштитена!