Почетна / Филм / „Рока го менува светот“ инспириран од мотивите на Астрид Линдгрен

„Рока го менува светот“ инспириран од мотивите на Астрид Линдгрен

Фестивалот „Џифони Македонија“ ги поканува учениците од основно и средно образование што сакаат да учествуваат на нова сесија од „Џифони филмски денови“, што ќе се организира в сабота (30 април) од 10 часот во Кинотеката. На четвртата сесија од овие филмски денови учениците ќе го гледаат филмот „Рока го менува светот“ во режија на Катја Бенрат, кој е снимен според книжевните мотиви на шведската писателка за деца Астрид Линдгрен, најпозната по романот за Пипи Долгиот Чорап.


Во него, главен лик е Рока, девојче од друга планета. Таа е супериорна во техничката и социјалната комуникација во однос на нејзините врсници, има сила да го менува светот и со таа мисија започнува во нејзиното непосредно опкружување. Рока се бори за правда и без страв им се спротивставува на насилните врсници што ги малтретираат послабите. Рока, всушност, израснала во изолирана средина, и тоа не било каква, туку во вселенска станица. Затоа секојдневниот живот во Хамбург, за неа изгледа многу чудно. И покрај тоа, Рока ги задржува својот отворен дух и духовитоста, пријателски настроена кон другите. Секогаш полна со оптимизам, Рока се бори да ја зачува својата независност и да докаже дека и децата имаат моќ да го менуваат светот…


„Рока го менува светот“ беше во конкуренција за Наградата на младата публика на Европската филмска академија во 2020 година. Децата-актери од филмот ги освоија националните германски филмски награди, беше најдобар филм на фестивалот за деца „Џифони“ и на фестивалот во Луксембург.
Проектот „Џифони филмски денови“ се организира со поддршка на Делегацијата на ЕУ во Скопје, од Агенцијата за филм на РСМ и од Кинотеката на Северна Македонија, а се остварува во соработка со Амбасадата на Италија во Скопје и италијанскиот партнер „Џифони Експириенс“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

error: Содржината е заштитена!