Од утрово српската телевизија Авала, на која неодамна и беше одземена дозволата, стана Пинк 2. Како што најавуваат од „розевата“ телевизија, на програмата на каналот Пинк 2 ќе бидат емитувани врвни филмски наслови, серии, спорт, детски и забавни програми.
Претходно се шпекулираше дека Авала ќе стане Народна телевизија и ќе заврши во рацете на Саша Поповиќ, но од тоа не се случи ништо. Што ќе биде со емисиите на „Гранд“ на фреквенцијата на Пинк, останува да видиме во наредниот период.
Крис Манев | ТВ Пакет