Познатиот турски актер Ибрахим Челиккол се разведе.
Ѕвездата на Ифет, Татко и синови, Специјалци, Црно бела љубов, Милост и Мојот дом, стави крај на бракот со сопругата Михре.
Ибрахим (40) и Михре (33) се разведоа со заедничка согласност пред три дена.
Двојката се венча пред пет години – летото 2017 година, а на крајот на 2019 година се роди и плодот на нивната очигледно веќе изумрена љубов – нивниот син Али.
По нивната разделба, детето ќе остане кај неговата мајка, а неговиот славен татко ќе може да го гледа еднаш неделно.
Вио најавуваме дека освен во актуелната теленовела Мојот дом, овој згоден актер ќе го гледаме и во главна улога во следната сезона на “Горка земја”.
Дани | ТВ Пакет