Во борделот на тетка Кармен, Рикардо лежеше гол на креветот на куртизаната Кристина, со рацете под главата, дремеше додека срцето во градите сеуште му отскокнуваше во ритамот на штотуку завршениот однос. Кристина го искористи моментот на слабост кај момчето, па прочепка во неговото палто, закачено на столот. Наиде на златен часовник, кој на Рикардо му беше оставен во наследство од својот дедо Ињаки, па помисли дека истиот може лесно да го продаде за добри пари и го смести меѓу своите работи во фиоката, пред да се врати назад на креветот.
– Време е да си одиш, господару мој, – му дошепна на уво на младиот Рикардо.
Минатата недела читавте…
Дивите страсти горат како пламен во факел на Темпестад. Фаусто Кастењон бара сексуална утеха во својата омилена италијанка, Марија Грација, додека сопругот на истата, Антенор, е нем сведок на неверството на неговата сопруга со газдата.
Алисиња не ги крие своите наклоности кон својот пол и отворено и фрла око на Кристина, младата жена која работи во градскиот бордел и за малку бива фатена од својот роднина Рикардо.
Во меѓувреме, Лукреција започнува отворен флерт со својот внук, Анибал, додека пак младата Елиса е сведок на прељубата на нејзината мајка, која дели страсен бакнеж со Енцо Анџели.
Одмазда – љубов и смртна казна
Продолжение 10 – „Акасија“
Во борделот на тетка Кармен, Рикардо лежеше гол на креветот на куртизаната Кристина, со рацете под главата, дремеше додека срцето во градите сеуште му отскокнуваше во ритамот на штотуку завршениот однос. Кристина го искористи моментот на слабост кај момчето, па прочепка во неговото палто, закачено на столот. Наиде на златен часовник, кој на Рикардо му беше оставен во наследство од својот дедо Ињаки, па помисли дека истиот може лесно да го продаде за добри пари и го смести меѓу своите работи во фиоката, пред да се врати назад на креветот.
– Време е да си одиш, господару мој, – му дошепна на уво на младиот Рикардо.
– Што се случува, Кристина?
– Тетка Кармен ќе ми прави проблем ако останеш уште долго во собава. Ајде станувај, ме чека друг клиент.
– Остави ме уште малку да бидам со тебе, Кристина, – инсистираше младиот Кастењон, чуствувајки ерекција меѓу препоните. – Ветувам дека ќе платам.
– Доволно ти беше за денес, убавецу.
– Кристина, можам ли да те прашам нешто?, – рече Рикардо, кога конечно се извлече од постелата и почна да се облекува.
– Прашај.
– Кој е подобар љубовник? Мојот брат Анибал, или јас?
Кристина се закикоте. Кога само Рикардо би знаел дека никогаш не ја почуствува цврстината на машкоста на неговиот брат Анибал во својата утроба. Само кога би знаел. Но, беше платена да молчи, а парите вредеа многу.
– Ти, – му одговори. – Само не му кажувај на твојот брат дека сум ти го кажала ова.
– Не грижи се, моја кралице, – момчето ликуваше од среќа. Неговиот брат секогаш му беше најголем ривал кој најчесто ги носеше сите триумфи. Освен битката со жените.
– Утре на пладне, ќе бидам тука, – додаде Рикардо додека ја закопчуваше кошулата.
– А јас ќе го чекам тој цврст задник, – рече таа, прегризувајки ја устата, истовремено и зграпчувајки го задникот на младиот Кастењон.
– Кристина, пред да дојдам, на капија се најдов со мојата роднина Алис.
– Немам претстава за кого зборуваш, – Кристина глумеше изненаденост. – Оди сега.
– Чао, – кратко ја поздрави момчето и ја напушти собата.
Облечен во традиционален фламенго костим, младиот Анибал Кастењон, стоеше пред својата сестра Елиса на тремот, која делуваше отсутно во мислите, иако телесно беше присутна.
– Како изгледам?, – Анибал ја праша помалата сестра, поправајки ја шапката на главата. Темната, мастилна боја на оделото ги истакнуваше неговите очи.
– Што? Што ме праша?, – отсутно го праша Елиса.
– Што ти е на тебе? Зошто си толку далечна и молчиш?
– Не ми е ништо, си замислуваш. Што ме праша?, – Елиса најмалку што сакаше во тој момент е да ги сподели своите проблеми со некого. Најмалку со својот постар брат.
– Те прашав како изгелдам?
– Алис има среќа што има вереник како тебе.
– Само се запознаваме. Кога сме кај неа, каде ли е? Ја нема цело претпладне?
– Не знам. Најверојатно е некаде со својот автомобил. Алис е модерна млада жена.
– Дури и премногу модерна за мој вкус, – рече Анибал и веќе во следниот миг до нив допре звукот од моторот на колата на девојката.
– Еве ја, – крикна Елиса и заедно со својот брат станаа од клупата на тремот и појдоа во дворот, каде што Алис го паркираше ролс-ројсот.
– Алис, каде беше? Те чекавме, – рече Елиса.
– Исцрпена сум. Каде сте тргнале вие двајца?
– Мислев дека сакаш да прошетаме…Бидејки вчера не можевме, – пелтечеше Анибал, свесен дека Алис комплетно изумила.
– Имате право. Јас заборавив. Но, дајте ми само пет минути, да се освежам и веднаш се враќам, – додаде девојката и потрча кон својата соба.
– Сигурно ќе оди да се подготви за тебе, – Елиса му дошепна на својот брат. – Алис е лудо вљубена во тебе, брате.
– Мислиш?
– Зарем не гледаш колку се возбуди кога и спомна за прошетката? Таа и нејзината мајка само сакаат што побрзо да се реализира вашиот брак. Алис те обожава, Анибал.
Антенор ја менуваше потковицата на еден од коњите на газдата Фаусто. Црниот пастув постојано имаше проблеми со своите потковици, па редовната промена веќе беше ритуал за надзорникот на хациендата. Врелото железо го закова за стопалото на црниот коњ, кога до шталата пријде Антониета, тивка како сенка, облечена во црнина како и обично.
– Антенор!
– Повели, Антониета.
– Сакам да ме одведеш до градот.
– Сега?, – ја праша, бришејки ја потта од челото со врвот од ракавот на ленената кошула.
– Да, сега, Антенор, ти наредувам!,- додаде жената во црно.
Антенор ја погледна нејзината рака која носеше куфер со себе. Што ли наумила овој пат, се прашуваше.
– Ако сакате да одите во градот, одуздајте некој коњ, госпоѓице Антониета. Гледате дека имам работа.
– Ако не ме одведеш во град во овој момент, Антенор Панталеон, се колнам дека повеќе нема да работиш на оваа хациенда!, – низ заби процеди жената.
…Го притсикаше неговиот цврст задник, додека неговата крута машкост навлегуваше во неа. Врелото сонце и жуборот на реката беа единствене сведоци на таа еротска игра помеѓу надзорникот на хациендата и мистериозната слугинка. Косата на Антониета беше влажна од потта која и се лизгаше по телото, но во тој момент не мислеше на ништо друго, беше во екстаза додека Антенор испушташе крици на задоволство продирајки во неа, а неговите цврсти, мускулести гради се лепеа за нејзините набабрени брадавици. Нивните средби на реката не беа чести, и најчесто беа одржувани кога таа сакаше.
– Кажи ми дека сум убава, – шепотеше таа, мрскејки му ја косата.
– Ти си најубавиот цвет на Темпестад, Антониета, – во екстаза и потврди тој, додека диво со своите работнички раце и ги грабаше бутовите.
Но, нивната игра на страсти нагло престана и магијата исчезна кога слушнаа моторно возило близу реката. Антенор ја извлече својата машкост во ерекција од нејзината утроба, ја зеде за рака Антониета и се затскрија зад блиската грмушка.
Анибал ја замоли Алис да го сопре возилото, кога го забележа коњот на надзорникот, заврзан за еден дебел храст близу реката.
– Антенор!, – почна да го довикува по име. – Антенор, каде си?!
– Анибал, остави, – му рече неговата сестра. – Штом е коњот тука, Антенор е најверојатно во шумата.
– Не, Елиса. Антенор е неодговорен, сигурен сум дека го заборавил коњот и се вратил пешки на хациендата.
– Можеме ли да продолжиме со нашата прошетка?, – праша Алис.
– Одете вие две, – рече Анибал. – Јас ќе го вратам коњот на хациендата.
– Немам ништо против, – искрено призна Алис. – Елиса ќе ми биде одлично друштво, – додаде и ја нагази педалата за гас, пред да појде автомобилот и да остави облак со чад зад себе.
Анибал го одврза коњот од стеблото и го одјава назад кон Темпестад.
– Кретен, – низ заби процеди Антенор, сеуште криејки се зад грмушката.
– Не е важно, – рече Антониета, милувајки го неговото цврсто тело. – Важно е дека сме повторно сами. Сега, отвори го куферот и заврши си ја должноста!, – му нареди.
Месечината беше полна таа вечер. Од блиската шума се слушаа бувовите, додека послугата ја служеше вечерата во пространата трпезарија на хациендата.
– Како помна прошетката, Анибал?, – лукаво го праша неговата тетка Лукреција, држејки ја полупразната чаша во вис, додека слугинката ја полнеше со вино.
– Добро, благодарам, – одговори момчето, со спуштена глава, избегнувајки било каков тет-а-тет контакт со таа жена.
– Анибал не дојде со нас, бидејки попат го најдовме коњот на Антенор и се врати назад на хациендата, – рече Елиса.
Ваквите зборови и ја заледија крвта на Антониета, која стоеше настрана и гледаше како послугата си ја врши должноста.
– Што било тоа?, – праша Фаусто кој како и обично седеше на чело од масата.
– Антенор залутал низ шумата и го оставл коњот на патот. Сигурна сум дека со него била некоја жена, бидејки на седлото имаше женска шапка.
Ваквите зборови на младата Елиса ја заинтригираа Марија Грација, кога кружеше околу трпезата гледајки дали сите се послужени.
– Изгеда дека твојот сопруг решил да прошара низ шумата, Марија Грација, – Фаусто и се обрати на слугинката, смеејки се зајадливо.
Марија Грација остана нема на ваквата сурова забелешка и продолжи да служи. Антониета сеуште стоеше како статуа.
– Дали ја забележавте месечината вечерва?, – праша Естер. – Преубава е.
– Никогаш порано не си забележувала такви нешта, мамо, – со горчлив тон во устата и префрли нејзината ќерка Елиса.
– Можеби не сум зборувала за тоа, но секогаш сум забележувала.
– Во последно време си многу променета, мамо.
Естер не додаде ништо на ваквата забелешка на својата ќерка, иако сакаше да знае од каде е изворот на промена во однесувањето на Елиса.
– Ако месечината е полна, би сакала да прошетам, – рече Алис во меѓувреме.
– Јас не би те советувал да излезеш, Алис, – рече Фаусто.
– Зошто не?, – љубопитно праша Лукреција.
– Секогаш кога месечината е полна, излегува Акасија.
– Алис не е во опасност, – се надоврза Естер на разговорот. – Акасија напаѓа само мажи.
– Како?, – љубпитно праша Алис, која ја заинтригира легендата за Акасија.
– Самото спомнување на името Акасија и мене ме полазуваат морници, – рече Елиса.
– За среќа јас не сум бил нападнат од таа демонка, – рече Фаусто.
– Ти има ли направено нешто тебе таа жена, Анибал?, – го праша Лукреција.
– Не, мене не.
– За среќа ниту мене, – се надоврза Рикардо.
– Јас веќе добив желба да ја запознаам, – рече Алис.
– Не го вели тоа ни на шега, – ја прекори Елиса.
продолжува во среда…
Јовица Крстевски | ТВ Пакет