Денеска и утревечер на телевизија Канал 5 ќе бидат емитувани последните две епизоди од турската хит серија “Одмазда”. Приказната родена во камените конаци на Анадолија дојде до самиот крај.
Ќе има ли среќна завршница за Мави која навидум пронајде нова љубов и нова надеж за подобро утре? Ќе може ли срцето повторно да љуби по големата трагедија која го снајде нејзиниот Али?
Одмаздата ја донесе во семејството Ѓоречки, а љубовта ја издигна нејзината душа над поривот на омразата и желбата за одмазда. Неочекуван крај за негативците во големото финале на “Одмазда”.
Бидете така и проследете ги финалните моменти од автентичната бајка која се емитуваше цела сезона.
“Одмазда”, драма и хумор … на чекор до големиот крај.
Дани | ТВ Пакет