Нова полициска серија на вашата Сител. За оние со поинаков вкус, следува уште една сериска доза на акција, возбуда и непредвидливост.
Од понеделник до петок по полноќ “19-2” ќе ни ги прикажува случаите кои ги води полициската станица во Монтреал преку полицајците Ник Барон и Бен Шартје.
Со текот на времето, недовербата и антагонизмот на Ник и Бен еден кон друг отстапуваат место за моменти на меѓусебно почитување и непоколеблива шанса за вистинско партнерство.
Во тимот гледаме пријателство и непријателство меѓу членовите, гледаме лојалност и предавство, но и непредвидливост и кревкост, должност и адреналин во свет на убиства и криминал со кои секојдневно се соочуваат.
Следете ги случаите на станицата “19-2” во 00.30 часот на Сител.
Дани | ТВ Пакет