Сто и седмо продолжение од вебновелата “Црвена месечина”
Алехандро погледна во Естер, која се плашеше дека неговата исповест пред неа нема да резултира со добар крај.
– Пред извесно време Сесилија се појави бремена, детето наводно беше мое. Морав да ја убијам бидејки не се вклопуваше во моите планови. Ја удавив во езерото во паркот. Направив да делува како самоубиство.
– И сега откако ми го кажа сето ова, што планираш со мене?, – го праша таа. – Ќе ме убиеш?
– Не би можел да те убијам тебе, Естер, – одговори гледајкија во очи. – Бидејки ни ти нема да ме пријавиш мене.
– Зошто си толку сигурен?
– Бидејки во дневникот кој го прочита има една глава која не е напишана. Почетокот. Како започна се. Зошто дојдов овде? Со која цел? Дојдов да ја одмаздам смртта на мојот татко и да ја пронајдам мојата сестра…Ти си моја сестра, Естер!
Таа не можеше да поверува во она што го слуша. Почуствува како и се трсат колената и седна на троседот. Гледаше во човекот пред себе, човекот кој и призна толку злосторства, човекот кој е нејзин брат.
– Не е можно, – прошепоте со сува уста. И требаше нова чашка пијалок. Овој пат дупла.
– Пред многу години моите родители живееа на Ла Луна, – продолжи со своето признание. – Мојот татко беше надзорник на хациендата, верното куче во кое дон Родолфо имаше голема доверба. Мајка ми беше слугинка. Беа луѓе од доверба. Јас бев дете од само осум години. Еден ден, Ригоберто Валенсија, синот на дон Родолфо ја силуваше Рут, мојата мајка, во шталата каде што ги чуваат коњите. Кога татко ми дозна што направил синот на неговиот ценет господар, доживеа срцев удар. Имаше слабо срце и тоа беше премногу за него. Пред да почине ме натера да се заколнам дека еден ден ќе го одмаздам тоа што еден Валенсија ја обесчести честа на нашата фамилија. Мојот татко ја знаеше семејната тајна на фамилијата Валенсија, онаа која во доверба му ја кажал дон Родолфо. Пред да почина, откако ме заколна на одмазда, ми кажа дека во хациендата се креи големо богатство, многу поголемо од сите тие хектари земја со кои располагаат…На хациедната се наоѓа најскапиот, бесценетиот рубин од непроценлива вредност, наречен Црвена Месечина. Мојата мисија беше да дојдам по него и да им го одземам на Валеснија.
– Го пронајде?, – го праша Естер.
– Сеуште не. Затоа и го убив Мелкијадес. Знаев дека домарот ја знае семејната тајна и дека го има клучот од одаите, но не успеав да извлечам ништо од него. Морав да го убијам.
– И како сум ти сестра?
Алехандро направи неколку чекори кон прозорецот. Му беше тешко кога зборуваше за тие сеќавања.
– Откако почина мојот татко, мојата мајка се затвори во себе, стана плашлива поради тоа што и го направи Ригоберто. Кога се породи, не ни сакаше да го види детето. Дон Родолфо, која знаеше за гревот на својот син, го зеде новороденчето од мојата мајка и го даде на фамилијата Монтеро да го одгледуваат. Детето кое го роди мојата мајка, како плод на гревот кој и го стори Ригоберто Валенсија, си ти, Естер.
Естер почуствува како ја полазуваат морници. Знаеше дека е посвоена но никогаш не веруваше дека еден ден ќе се најде очи во очи со својот брат. Човекот во кој им течеше иста крв.
– Затоа сме заедно во ова, Естер. Мораме да бидеме соучесници, заедно сме посилни.
– Ако сум ќерка на Ева Негрете и Ригоберто Валенсија, тоа значи дека Марија Клара е моја сестра?!
– Така е. Ти и Марија Клара имате ист татко. – и потврди Алехандро.- Никогаш не ја заборавив заклетвата која му ја дадов на мојот татко пред да почине. Никогаш не заборавив дека Ригоберто Валеснија ја силувал мојата мајка во шталата. Затоа сакам Марија Клара да страда. Затоа уште првата ноќ кога дојдов овде ги убив нејзините коњи во шталата.
– Тоа беше ти?
– Да. Сакав да и ја одземам единствената радост која ја имаше. Никогаш не заборавај дека мојата одмазда е и твоја одмазда, Естер.
Пријде до неа и ја бакна во чело. Потоа ја напушти куќата. Естер седна на двоседот, ги собра колената со своите раце и долго гледаше во празна точка. И требаше долго време да ги среди мислите.
Кога новото утро го осветли денот, Пас подготвувашепојадок во кујната на хациендата. Телевизорот беше гласно пуштен и ја следеше утринската програма, кога влезе Клеменсија.
– Добро утро, Пас.
– Госпоѓице Клеменсија, како спиевте?
– Добро, благодарам. Ми треба Епигменио да ме одведе на миса. Не можам никаде да го најдам. Знаеш ли каде би можел да биде?
– Немам претстава. Го немам видено од вчера.
– Не би ме чудело да се запил во меана и да неможе да се разбуди сега, – рече Клеменсија. – Нема врска. Ќе повикам такси. Подоцна ќе се разберам со твојот брат, – додаде старицата и ја напушти кујната.
Пас дотрча до телефонот и го заврте бројот од мобилниот на својот брат.
Телефонот ѕвонеше долго покрај мочуриштето, далеку од цивилизацијата.
– Каде ли си, Епигменио?, – се прашуваше Пас откако не доби одговор.
Ѕвоното од влезната врата ја разбуди Естер. Остана будна речиси цела ноќ. Полека ги отвори очите. За момент помисли дека сето тоа било сон, но двете чаши на масичката беа сведоци на вистината. Сепак Алехандро бил тука. Ѕвоното упорно ѕвонеше. Пријде до вратата и отвори. Пред неа стоеше Марија Клара. Одеднаш ја гледаше со понакви очи. Благо се насмевна откако и рече да влезе.
– Здраво, Естер. Прости ми што доаѓам вака рано, но не можев да заспијам цела вечер.
– Не си единствената, – рече Естер. – Кафе?, – ја праша чекорејки кон кујната.
– Не, благодарам. Цела вечер мислев на она што ми го кажа вчера по телефон. Дека Алехандро не ме сака. Ми кажа дека го имаш неговиот дневник. Смеам да го видам?
– Секако, – одговори таа и посегна по копијата на масичката. – Знаев дека ќе сакаш да видиш со свои очи и го испринтав делот поврзан со тебе, – додаде Естер подавајки и го листот хартија. Беше испринтан само делот за Марија Клара, немаше ништо поврзано со убиствата.
– Додека водата паѓаше по нашите тела, – Марија Клара почна да чита на глас. – …со своите раце ја зедов нејзината нежна глава и пред да ја бакнам почуствува како пред себе да ја имам Лорена.
Марија Клара го прочисти грлото пред да продолжи да чита;
– Во неа ја гледав жената која ја љубам. Господе, идентични се. А сепак толку различни.
Не можеше повеќе да чита. Ја извитка хартијата и седна на троседот прекривајки го своето лице. Не можеше да ги повреди солзите.
– Жалам што морав да ти го покажам ова, – рече Естер приоѓајки до неа. – Не плачи, – и рече и ја зеде во својата прегратка.
Карлос ја облекуваше својата кошула кога некој затропа на вратата од хотелската соба. Кога го закопча последното копче и ја отвори вратата, во собата влезе Алехандро.
– Претпоставувам дека си тука да ме прашаш зошто сум бил на Ла Луна.
– Не, не доаѓам за тоа. Знам зошто си го сторил тоа.
– Не, не знаеш. Бидејки ти си вечна жртва, мислиш дека имаш право да им се одмаздуваш на сите.
– Имаш многу погрешна претстава за мене, Карлос. Но, не сум тука за да расчистиме. Дојдов само да ти ги дадам овие пари како благодарност за твојата помош, – рече вадејки плико со пари од внатрешниот џеб на сакото.
– Не ги сакам твоите пари! Задржи ги, ќе ти требаат за закопот на Гаспар.
Естер знаеше многу добро кој е лекот против депресија, па ја послужи Марија Клара со силен пијалок. По првата чашка, не научена на пиење, јазикот на младата жена веќе трепереше.
– А ми се заколна дека заборавил на Лорена. Ми се заколна дека сега мене ме сака.
– Сите мажи се лажговци и користољубиви, – рече Естер, мавтајки со полпразната чаша.
– Но, зошто ме лажел?
– Бидејки мажите сакаат само едно од жената. Секс. И за да добијат секс прават се, измислуваат, лажат…
– Немаше потреба да ме лаже, бидејки јас бев подготвена да му се предадам, – рече Марија Клара полнејки нова чаша.
– Мажите се лицемери, Марија Клара, тоа сакав да ти го кажам. Како ќе реагираше ако Алехандро ти каже дека уште ја сака неговата мртва жена?
– Не знам…но се е подобро од лагите кои ми ги кажа.
– Затоа мораш да се разведеш, Марија Клара. Мојот брат има премногу принципи и старомоден е.
– Навистина мислиш така?
– Секако. На Фабијан му се важни само парите и моќта. Тој смета дека машкоста е во парите. Бидејки му е мал и така си ги лечи комплексите. Со моќта.
– И од каде знаеш дека му е мал на брат ти?, – изненадено праша Марија Клара. И самата беше изненадена што го постави тоа прашање, кое никогаш не би гопрашала трезна.
– Имам една тајна за тебе. Фабијан не ми е брат. Јас сум посвоена. Едно време како тинејџери, кога сме најљубопитни, со Фабијан бевме љубовници. Затоа знам дека ти не си сексуално фригидна. Проблемот е во него. Има мал и не знае да задоволи жена. Затоа не ти треба таков маж. Разведи се од него. Имаш пари, убава си искористи го тоа. Дури и да посакаш маж, можеш да си купиш. Уживај додека си млада. Те советувам како сестра.
Продолжува…
LucasScott | ТВ Пакет