- Секоја приказна има крај. Уште на една приказна дојде крајот. Тоа беше долга, напорна и убава авантура во која работев напорно и научив многу. Големо благодарам до моите искусни браќа, сестри, моите колеги, сите кои придонесоа за продукцијата и емитувањето. Благодарам и до прекрасната Македонија каде со големо внимание се следи “Горка земја”. Благодарност до сите што работеа напорно од самиот почеток… Исто така, од срце и благодарам на целата наша публика, гостопримливите луѓе од Адана кои толку многу ги сакам, моите пријатели и сите мои следбеници кои ме поддржаа.
Со оваа изјава, познатиот турски актер се збогува со својата публика и ја напушти серијата “Горка земја”. Во новите епизоди повеќе нема да го гледате маркантниот Демир Јаман.
Што ќе се случи со неговиот лик? Дали Демир го остави семејството или нешто сосема друго е во прашање?
Дали ова е уште една трагедија за вашата хероина, дали доаѓаат нови солзи за нашата Зулејха?
Не пропуштајте ги следните и најнови епизоди од мега хитот на Сител и дознајте што следно ќе се случи на големото патување на Зулејха низ горката земја.
Дани | ТВ Пакет