Познатата “Мерием” и заводникот од Босфорот во нова заедничка серија. Летна приказна на Сител која ќе ве разнежни и со која ќе се почувствувате среќно и задоволно крај немирните бранови на морските ширини. Викенд серија на Сител – “Островска бајка” за чија содржина ве информираме во продолжение.
Хазиран е девојка од големиот град, посветена на својата кариера и целосно навикната на брзиот живот во Истанбул. Таа не може да замисли поинаков начин на живот, но кога нејзината компанија ќе ја испрати на далечен остров во Егејското Море за да го среди спорот за ново одморалиште, таа ќе се соочи со еден сосема поинаков свет.
Малото место не е тоа на кое е навикната урбаната девојка. Но, свесна дека е тука само за да ја заврши работата, таа се надева дека за брзо ќе заврши нејзиниот престој таму. Земјиштето за кое е испратена да преговара и да го добие по секоја цена му припаѓа на младиот и згоден Појраз.
Тој е едноставен човек кој повеќе го привлекува природата отколку самите луѓе. Атлетски граден, снаодлив и социјално дистанциран, Појраз ужива во мирот и тишината на неговата мала фабрика за маслиново масло, која се наоѓа на тој мал и прекрасен остров, на тоа мало и убаво парче зелена земја.
Средбата на Хазиран и Појраз ги раѓа искрите на страста и го отвора патот за една романтична летна бајка. Но, не знаејќи дека тој е сопственик на земјиштето за кое е пратена, несвесно Хазиран го уништува животот на овој млад човек.
Наскоро, фабриката на Појраз е затворена, неговите соништа се рушат, а целиот град се соочува со неизвесна иднина. Откако ќе ја дознае вистината, кај младата девојка се пројавува каење и желба да ја исправи неправдата која му ја стори на Појраз.
Двајцата млади ќе мора да се здружат за да ја зачуваат фабриката, но истовремено да се спознаат меѓусебно и да сфатат дека различностите се тоа што ги привлекува и ја воздигнува нивната љубов.
Дани | ТВ Пакет