Во пресрет на новиот албум на Ријана, „Unapologetic“, кој излегува на 19. ноември, помисливме дека е вистинско време да направиме преглед на промените на поп ѕвездата за потребите на секој од нејзините 7 албуми, во последните 7 години.

Ријана на светската сцена се појави како девојче во 2005. година, со албумот „Music Of The Sun“. Нејзиното влегување во малку посмела фаза го означи албумот „Good Girl Gone Bad“, кој во самиот наслов носи порака за промената на Ријана во правецот на нејзината кариера.
Погледнете ги седумте незаборавни изгледи на Ријана за седумте студиски албуми и откријте зошто таа со години продолжува да сјае како дијамант!
17-годишната Ријана на промотивна фотографија за деби албумот „Music Of The Sun“
Со 18 години на албумот „A Girl Like Me“ покажа дека од девојче стана девојка
2007. година со албумот „Good Girl Gone Bad“ започна вампирската фаза на Ријана
За потребите на албумот „Rated R“ позираше топлес
Во особено женствено издание Ријана во 2010. година го издаде хитовскиот албум „Loud“
Минатата година го издаде албумот „Talk That Talk“ и уште еднаш го смени целокупниот имиџ
Ваков изглед ќе ја следи Ријана во новиот албум
Ивана Таневска | ТВ Пакет