Единствениот планински град во Македонија 6та година по ред ќе го надополни летното уживање со фестивал кој обединува музика, спорт и култура! Дружењето и градењето летни спомени во Крушево оваа година ќе се одржи 24-26 јуни, конечно со слобода во движење и стариот сјај за забава!
Целта на фестивалот е промовирање на крушевските убавини преку пробудување на адреналинот и желбата за слободно дружење, каде што живописната култура на градот го зазема главното место за гостопримство и чувство на топлина.
Настанот започнува 24ти јуни во приквечерните часови со пријавување и подигање на пакет со маичка и производи од спонзорите. Официјалното отварање започнува истиот ден со забава на отворено од страна на DJ Estephano, додека наредните денови музичката програма на отворено ќе ја надополнат DJ Bapchu, Day Off, Dj Goce SAF, dj Memba Quinn, Паркети и Cyrillic. Детално програмата може да се погледне на веб страната www.wheninkrusevo.com.mk.
Имаќи во предвид дека Крушево го има еден од најдобрите светски параглајдинг терени и е топ светска дестинација за овој вид на спортски туризам, во нашиот фестивал го вклучивме најадреналински спорт тандем параглајдинг од Мечкин Камен.
Меѓу другите адреналински спортови кои ќе се одржат се искачување на вештачка карпа, јавање на коњи, кајак и SUP (stand up paddleboard). За љубителите на планинскиот велосипедизам имаме кратка и долга тура од 15 и 30 километри, додека за за истражувачите на планинските убавини кратка и долга планинарска тура од 10 и 20 километри. За прв пат оваа година за обожавателите на трките во склоп на фестивалот воедно ќе се одржи и трка од 5 километри како и trail трка.
Бидејќи овој фестивал е од отворен карактер и вклучени се повеќе возрасни граници, мислевме и на фамилиите кои што ќе нé посетат со најмалите. За нив одвоивме денска забава, јога и многу детски игри коишто ќе се одржат на Крушевксото езеро.
Со оглед на тоа дека заинтересираноста е голема, како и секоја година обезбедуваме камп зона на Крушевското Езеро со сите потребни услови, додека заинтересираните за приватните и хотелските капацитети може да ги погледнат нашите соработници на нашата веб страна www.wheninkrusevo.mk. Би сакале да додадеме дека искуството покажува дека најубаво си поминуваат оние кои што кампуваат покрај Езерото.
Со секоја купена карта се добива попуст до 50% на спортските активности, воедно се обезбедени влезници за музејот Тоше Проески, Македониумот како и Галеријата Мартиновски.
Цената за карта за оваа тридневното авантуристичко и адреналинско држење во Крушево е 500 денари, со можност за попуст за групна карта (400 денари 4+1), која може да ја купите на продажната мрежа на MkTickets. Вашето место на фестивалот можете да го резервирате на нашата Google пријава на www.wheninkrusevo.mk, воедно Вашето присуство можете да го потврдите на нашиот настан на Facebook, каде што следуваат известувања поврзани со настанот.
Дани | ТВ Пакет