Скопје Прајд 2022 ќе се одржи на 25 јуни, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Годинешниот слоган на „Skopje Pride” гласи „Излези за љубов”. Парадата на гордоста во главниот град годинава се одржува по трет пат. Првиот „Skopje Pride” се одржа во 2019 година, а по една година пауза поради ковид пандемијата, втората парада се случи минатото лето. Тогаш илјадници поддржувачи се собраа во главниот град на протест против опресивните политики, хомофобијата и трансфобијата, но и да ги прослават надежите за посолидарно и поправедно општество.
Токму на оваа тема тимот на естрадниот магазин Бекстејџ реши да ги праша дел од нашите јавни личности се со цел да дознаат кој е нивниот став околу истото. Дел ги поддржуваат, но дел од нив се против тоа, велат дека не сакаат нивните деца да ги гледаат таквите работи.
Дани | ТВ Пакет