Ова лето на телевизија Сител следува нова романтична комедија за нови млади и нови вљубени. Со „Љубов и сè е можно“ секоја вечер ќе ги следиме препирките на Есра и Озан и ќе уживаме во шармот што ќе ни го понудат новите летни херои.
Доколку ве разнежни “Романтичарот” во една дамнешна “Сезона на цреши”, а со “Господинот” и “Наследниците” на “Полна месечина” имавте уште едно “Немирно лето”, тогаш ова дефинитивно е серија која ќе ги задоволи вашите апетити за вистинска летна забава.
Насмејте се во тропските горештини со уште една игра на љубов и омраза и убаво одморете се со „Љубов и сè е можно“, ексклузивно на Сител телевизија.
Дани | ТВ Пакет