Почетна / Сапуници / Турската серија „Завет“ започнува вечерва на Сител

Турската серија „Завет“ започнува вечерва на Сител

 

Вечерва веднаш по „Бурни времиња“ на Сител ќе се емитува првата епизода од новата турска серија „Завет“. Приказната за големото ветување започнува по новата епизода од „Бурни времиња“, а веднаш по премиерата на „Завет“ следува финалето на „Зет домазет“.

 

 

Синопсис:

Една заклетва дадена на братот го сменила животот на Мендерес врзувајќи го во брак со жена која не ја сака. Тој му ветил на својот брат Кетал, кој бил на умирање, дека ќе се ожени со Асуман која била бремена од Кетал само за да ја зачува неговата чест. Мендерес ја исполнил заклетвата дадена на братот и се оженил со Асуман, која понатаму забременила и од Мендерес. Но, Мендерес не можел да го прифати таквиот живот иако неговото семејство било среќно поради таа венчавка.

Поради тоа решил малку да се оттргне, отишол во Истанбул да студира каде ја запознал убавата и богата Лејла. Лејла и Мендерес вистински се вљубиле еден во друг, иако тој не сакал да и го открие неговиот вистински идентитет и минато. Поминуваат неколку години. Мендерес живее двоен живот, одејќи и во куќата на Асуман и децата, а живеејќи и во куќата со Лејла. За сите животот ќе се смени откако ќе се дознае тајната на Мендерес. Тогаш Лејла дознава дека е бремена од Мендерес и во голем очај и разочарување, ќе се омажи со Чихан, посвоениот син на нејзиниот татко со кого ќе започнат и нејзините страдања.

Улоги: Serhan Yavaş, Tuba Ünsal, Zeyno Ustinisik, Yucel Erten, Bans Yalcin, Zeynep Irgat…

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!