Њујорк е софистициран, волшебен и примамлив. Една млада двојка ќе ги дочека невреме и низа авантури во градот оваа летна сабота на Телма во 19.45 часот.
“A rainy day in New York”, романтична комедија во режија на Вуди Ален со Тимоти Шаламе, Ел Фанинг и Лијев Шрајбер во главните улоги.
По “Дождливиот ден во Њујорк” и вечерните вести следува уште еден документарец за солидарност кон бегалците од Украина и светот. “Beyond the raging sea” e акционо-авантуристички документарец кој ги прикажува тешкотиите и искуството на Омар Самра и Омар Нур, двајца египетски спортисти кои ќе решат да учествуваат во неверојатен потфат: Атлантскиот предизвик – веслање на отворено море од 3.000 милји, од Канарските острови до Антигва.
Ниту еден немаше искуство на вода кога се регистрираа за предизвикот, иако Нур го претставуваше Египет на олимписката патека во триатлон, а Самра беше планинар која се искачи на Еверест и скијаше на Северниот и Јужниот Пол. Двајцата бараа нов предизвик и нова кауза. По една година интензивен тренинг, тимот О2 тргна од Канарските острови и се упатува кон Антигва, посветувајќи го својот потфат на маките на бегалците ширум светот.
Како што се превртува нивниот високотехнолошки, непотолив брод, двајцата откриваат дека спасувањето во средината на невремето може да биде уште пострашно отколку да бидат изгубени, на сплав, сред Атлантикот. Спасувањето е снимено од екипажот на бродот. Овој документарец ја доближува и универзализира маката на бегалците, правејќи ги нивните животи, соништа и жртвувања видливи за јавноста.
И за крај на вечерта (25 јуни), Телма скоро пред полноќ ќе го емитува косовскиот филм “Martesa”. Беким и Анита се млада двојка се подготвува за заеднички живот.
Нол е пријател со кого Беким ги поминал младешките и деновите на војната, во кој се развила врската која била повеќе од пријателство. Приказна за една забранета и неприфатена љубов.
Дани | ТВ Пакет