Дваесет и две години по првото продолжение на “Сам дома” американската телевизија ABC одлучи да снима петто продолжение од култниот филм. “Сам дома 5: Сам во мракот” премиерата ќе ја има кон крајот на 2012-та година. Филмот ќе се фокусира на осумгодишниот Фин (Кристијан Мартин), кој е уверен дека неговиот нов дом е опседнат со духови па затоа им поставува замки за да ги улови. Откако со својата сестра ќе остане сам во куќата, додека нивните родители се некаде во градот, парот ќе употреби замки за да ги улови крадците, кои ќе бидат одглумени од Малколм Мек Довел, Деби Мазар и Еди Стиплс.
Оригиналниот “Сам дома”, со Меколи Калкен, е снимен во 1990-та година, а второто продолжение излезе две години подоцна. Младата Скарлет Џохансон глумеше во третото продолжение од 1997-та година, додека четвртото продолжение доживеа премиера како телевизиски филм.
Chris | ТВ Пакет