Во полуфиналето на регионалното музичко шоу “Ѕвездите на Гранд” кое се одржа вчеравечер, настапија двајца македонски кандидати – Андријана Петрушовска од Скопје и Александар Јосифовски од Охрид. И двајцата успеаа да обезбедат пласман во вечерашното големо финале кое ќе се емитува на Канал 5 со почеток во 21 часот.
Јосифовски пееше песна од Аки Рахимовски, додека Петрушовска ги изведе песните “Мелек” од Едита и “Црно и бело” од Калиопи. Дали некој од двајцата Македонци ќе успее да го освои телевоутингот, зависи исклучиво од вас. Следете финале на Гранд и гласајте за победа на нашите Македонци.
Вечерва, вечер за паметење со финалето од “Ѕвездите на Гранд”.
Дани | ТВ Пакет