Почетна / Сапуници / Што мисли Кeрем од „Борбата на мајката” за женската популација

Што мисли Кeрем од „Борбата на мајката” за женската популација

Младиот Улви Кахјаоглу го гледаме во турската драма „Борбата на мајката“ каде го глуми синот на Мелек, млад и бунтовен дечко кој не е сфатен од конзервативната средина во која доаѓа да живее неговото семејство. Во реалниот живот тој воопшто не е погрешно разбран, девојките го обожуваат, а во интервјуто кое го даде за нашиот портал, тој открива како можат да го освојат.  Па девојки, читајте внимателно.


Добрата работа во глумата е што секогаш ве држи заинтересирани, љубопитни, не е како секоја друга работа каде што работите секој ден исто како претходните денови. Затоа отсекогаш сум бил фасциниран од овој вид уметност. Никогаш не можев да замислам да седам во канцеларија и да ги правам истите работи на мојот компјутер секој ден. Сигурен сум дека би бил ментално болен доколку судбината ми определила такво нешто – вели 26-годишниот турски актер Улви Кахјаоглу, кој дебитира токму со улогата во “Борбата на мајката”.

Керем е погрешно разбран млад човек кој често има проблеми со законот, но со помош на мајка си сепак успева да остане на вистинскиот пат. Тој е заштитнички настроен кон својата мајка, сестрата и братчето, и покрај грубиот изглед, има добро срце, чувствително на неправда. Токму овие особини ме привлекоа во оваа улога иако јас и Керем сме сосема различни. Во реалноста не сум заводник како него, но чувствителен сум на неправда – вели со насмевка овој шармантен млад човек.

– Глумата ја открив во 3-то одделение благодарение на драмска секција на англиски јазик. Откако влегов во таа група театарот стана дел од мојот живот – вели Улви, кој малку воздржан и претпазлив вели дека многу му одговарал почетниот период на пандемијата на коронавирус, а целата ситуација што го фати светот позитивно влијаеше на неговиот живот.

Ќе звучам малку себично и безобразно, но беше многу убаво да се биде дома и да се оддалечиш од секојдневието. Светот како да се одмори. Сите до одреден степен се одморивме. Сакам да мислам дека нашата свест за себе и за животот се прошири, но за жал многу брзо забораваме на се. Ми недостигаат прегратките и неоптовареното друштво со луѓето што ги сакам и претпоставувам дека тоа ни недостасува на сите. Се надевам дека овој пат ќе го завршиме овој период со добри лекции. За време на карантинот имав можност да вежбам јазици од далечина. Имавме и филмски клуб, почнавме да гледаме филм секоја вечер околу 23 часот  – признава овој талентиран актер кој во слободното време ужива во фотографијата, а се занимава и со кикбокс и трчање.

Кога бев во Газиантеп си поставив задача да морам да пробам ќебапи секаде и секогаш. Сега престанав да ги јадам, ги прејадов. Во моите помлади денови бев фокусиран на фудбалот, тренирав со У19 тимот на фудбалскиот клуб Газиантеп, но се повредив и морав да прекинам. Инаку, имам проблем со прилагодување. Ми треба малку време да избалансирам сè што правам и да се приспособам на новата рутина – признава Улви кој има авантуристички дух.

Моето најголемо лудило досега беше патувањето низ Европа со воз со четворица пријатели кога имав само 16 години. Целосно спонтано и непланирано живеевме 17 дена. На пример, одевме до железничката станица и патувавме до местото каде што одеше првиот воз. Се разбира, имаше моменти кога немаше возови, па спиевме на станицата, а тие не исфрлаа од станицата, која се затвора навечер – раскажува актерот за една негова животна анегдота.

Не можам да се навикнам во медиумите да зборувам за мојот љубовен живот. Сè уште не сум научил да зборувам за тоа, се кочам, вцрвенувам и почнувам да пелтечам. Ме привлекуваат девојки со ведар дух, не сакам мрзливи девојки кои деновите ги поминуваат седејќи на кауч со мобилен телефон во рака. Инаку, не сум комплициран, но би сакал личноста со која ќе го поминувам слободното време да сака работи како мене, да има и активен одмор, да сака вкусна храна и да има доза на спонтаност во себе – додава актерот за крајот на интервјуто кое го даде ексклузивно за ТВ Пакет.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!