Настанот ќе се одржи во амфитеатарот во спомен куќата на Тоше Проески во Крушево на 29ти јуни. Тоа е ден кој е особено значаен за Тоше, посебен ден во неговата кариера, ден на кој е оддржан неговиот прв концерт на градски стадион кој сега е именуван по неговото име.
За интерпретација на безвременските хитови на Тоше, задолжени се Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи Инвиктус и Мелем. Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање на слух кај новороденчиња во Македонија.
Хуманитарниот концерт е во организација на “Play Without Boundaries” во соработка со спомен киќата на Тоше Проески. Play Without Boundaries – PWB (Игра Без Граници) е хуманитарна непрофитна организација која е регистрирана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески. Од нејзиното постоење, PWB има организирано повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова е првиот од низата хуманитарни концерти кои се планираат во Македонија.
Дани | ТВ Пакет