Почетна / Серии / По пародијата на „Lost“ на Телма, пародија и на полициските серии

По пародијата на „Lost“ на Телма, пародија и на полициските серии

„Angie Tribeca“ е сатира на полициските серии и се фокусира на ексцентричната, но брилијантна група детективи кои ги истражуваат најсериозните случаи, од убиство на човек кој зборува од стомак до серија самоубиства на пекари.

Во оваа комедија Рашида Џонс ја игра улогата на Енџи Трајбека, 10-годишна ветеранка од единицата за тежок криминал од полицијата на Лос Анџелес. Нејзините колеги во единицата  одбиваат да запрат сѐ додека не биде задоволена правдата на ваков или онаков начин.

Американска комедија во четири сезони и вкупно 40 продолженија, снимена од 2016 до 2018 година во продукција на TBS.

Серијата се емитуваше минатата сезона 2021/2022 на Телма, а ова лето репризно во прајмтајм во 20.55 часот, веднаш по пародијата на “Изгубени”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

error: Содржината е заштитена!