Ана Ѓуриќ, попозната под уметничкото име Констракта, е членка на бендот “Земља Грува” од нивното основање. Регионалната слава ја стекна, речиси преку ноќ, победувајќи на Евровизија, што ја направи српска претставничка на фестивалот Евросонг во Торино (Италија) 2022 година со песната “In corpore sano”. Се занимава со музика 20 години и влече корени во бендот “Mistake Mistake” со кој настапувала до 2007 година. Истата година, членовите на бендот “Mistake Mistake”, Зои Кида, МЦ Милован и Констракта го формираат бендот “Земља Грува”, Грувленд Публишинг и Грувленд продукција студио, кое станува столбот на сите понатамошни проекти на овој колектив.
Бендот “Земља Грува” досега има издадено два ЛП албума (“WTF is Gruvlend?” – 2010 годинa и “Шта стварно желиш” – 2016 година), ЕП издание посветено на Дино Дворник и неколку синглови, на кои песните на Констракта постигнаа голем успех. Од најголемите хитови на бендот, со кои таа ја обиколи цела поранешна Југославија, се издвојуваат песните „Нисам знала да сам ово хтела”, „Џанго”, „Плодни дани”, „Једном је сада”, „Туга”, , „Мама”…
Таа започна да објавува соло песни под етикетата Грувленд во 2019 година и веднаш го привлече вниманието на публиката со жанровските иновации во песните „Жваке” и „Неам шамана”. „Триптих”, концептуален спој на три различни композиции, е прв на трендинг листите со недели, ја освои официјалниата хрватска билборд листа и стана вирален хит со над милион прегледи на YouTube. Покрај “In corpore sano”, „Триптих” се состои од уште две песни – „Мекано” и „Нобл”.
Летово ќе настапува на речиси сите фестивали во регионот заедно со бендот “Земја Грува”, со која ќе ги известува и своите соло проекти и најголемите хитови на овој бенд.
Пред својот настап на Д-фест ексклузивно зборуваше за естрадниот магазин “Бекстејџ”, прво телевизиско интервју на најпопуларната уметница во моментов, во продолжение погледнете го интервјуто:
Дани | ТВ Пакет