Македонската поп икона, Елена Ристевска ја пееше македонската химна на прославата на Американската амбасада по повод 4 јули, Денот на Америка и притоа со емотивен статус се обрати на социјалните мрежи:
Македонската химна е гордост и чест да ти доверат да ја отпееш. Секогаш со посебно чувство сум ја пеела, бидејќи не е било која песна, химната е песна на еден цел народ, МАКЕДОНСКИ НАРОД. Јас знам за една Македонија без придавки (освен придавката “Република”) за која сум учела и во која живеам од кога знам за себе, за еден јазик – МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој впрочем го говорам, знам за една нација или народ за кого пеам 20 години. Исто толку години ја претставувам мојата нација и мојата земја насекаде низ светот, а таа земја се вика МАКЕДОНИЈА. И токму сега во овие тешки моменти треба да ечи насекаде МАКЕДОНСКАТА ХИМНА , бидејќи носи силна порака. Покрај споменување на револуционерите и народот кои се бореле и умреле за татковината, се споменува само едно име – МАКЕДОНИЈА и еден народ – МАКЕДОНСКИ. Ова не е време за било какви поделби и овој коментар нема никаква политичка конотација- има исклучиво патриотска.
Дани | ТВ Пакет