Филмот, кој ќе го прикаже Телма во сабота на 16ти јули во 22.15 часот ги следи двата главни лика Ен и Лео. Двајцата се во раните 30-ти години. Она што ги поврзува е нивната урбана позадина и нивниот космополитски став. Тие се разликуваат само по различниот пристап кон малите нешта во животот.
Ен е успешна режисерка, која е решена да направи кариера. Но, нема многу активен социјален живот. Лео, пак, е со главата в облаци. Сака да биде фотограф и копнее да сака и да биде сакан.
Дани | ТВ Пакет