Вистинска приказна. Срцепарателнo и инспиративно искуство на преживување и закрепнување на семејство кое се справува со зависност од дрога во текот на многу години. Врз основа на најпродаваните Мемоари на Њујорк Тајмс од Дејвид Шеф и Ник Шеф. Номиниран за 1 награда БАФТА, 10 победи и 30 номинации на меѓународни фестивали.
Бил и Кејт се брачна двојка пред разделба и очајно се обидуваат да најдат некакво објаснување откако откриваат дека нивниот 18-годишен син единец пукал на својот универзитет пред да се самоубие.
„Прекрасно момче“ е неконвенционална љубовна приказна што го истражува патот на една брачна двојка која е пред развод а мора да живее со незамислива тага и да бара утеха живеејќи ги најтемните денови во својот живот.
Бил (Мајкл Шин) и Кејт (Марија Бело) безнадежно се обидуваат да најдат некакво објаснување откако дознаваат дека нивниот син единец пукал на својот универзитет пред да си го одземе животот. Тие отрпнато се справуваат со погребот, медиумската хајка и со чудното сожалување од страна на роднините и пријателите. Нивниот и онака напнат брак е ставен на тест кога сфаќаат дека сѐ што им останува заедничко се нивната тага и збунетост, како и несреќното наследство од нивниот син.
Овој потресен настан ги присилува Бил и Кејт да се соочат со чувствата на вина, бес, обвинување, себеоткривање, а на крајот и со надеж, па тие конечно ќе можат да се погледнат меѓусебно и повторно со чист поглед да ја здогледаат својата шанса за среќа.
Недела, 17 јули, Телма телевизија, 19.15 часот – “Прекрасно момче”.
Дани | ТВ Пакет